Црвена младина: НЕ за селективна правда, доста ни умираат врсници – поддршка и апел за масовно присуство на „Марш за ангелите”

Од:

„Пред сѐ, како млади луѓе кои загубија свои врсници и секојдневно се соочуваат со страв од статус кво, од неодговорност на надлежните, од неправдата што станува правило, како млади луѓе кои стравуваат за својот живот, безбедност и иднина – апелираме на масовна поддршка за протестниот марш на родителите на убиените деца од Кочани“ соопшти попладнево Црвена младина – официјалното младинско движење на политичката партија Левица.

Од таму велат „Должност на секој млад човек, средношколец, студент е утре (29.4.2025) во 12:05 часот да ги натера надлежните да преземат одговорност и да се изборат за неселективна правда заедно со родителите“.

„Утре сите заедно ја напуштаме наставата и да се приклучи е на протестниот марш со почеток од пред Јавното Обвинителство во Скопје, до Собранието каде во исто време ќе се одлучува и по Интерпелацијата за Министерот за внатрешни работи – Панче Тошковски. Истовремено, ги повикуваме професорите да се соживеат со болката и стравот што младите го чувствуваат, да покажат разбирање, ослободувајќи ги учениците и студентите од настава за да можат достоинствено да го искажат својот отпор против неправдата“ се вели во соопштението на Црвена младина.

Би можело да ве интересира

Левица: ЕУ директно го негира македонскиот идентитет преку сестринските партии на ДПМНЕ и СДС

Левица со амандман бара 600.000 евра за обезбедување престој за жртвите на семејно насилство

Левица: Пензионирани пилоти и ова лето ќе гаснат пожари – пожарникарите не поседуваат ниту минимум потребна опрема

Левица: Македонскиот народ сè помалку верува во членство на државата во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ, преку Африм Гаши, се обидува да ја забрани Надзорната расправа за Кочани, обвини Левица

Левица поднесе интерпелација за републичкиот јавен обвинител Коцевски