СДСМ: На родителите во Кочани им е потребна поддршка од Владата, не навреди
- СООПШТЕНИЕ - Апелираме до Владата да им помогне на родителите од Кочани во остварување на нивните барања, а ако не може барем да не им одмага и со навреди да не им фрла сол на раната.

Скопје, 8 јуни 2025
Апелираме до Владата да им помогне на родителите од Кочани во остварување на нивните барања, а ако не може барем да не им одмага и со навреди да не им фрла сол на раната.
На тие луѓе им е потребна поддршка и разбирање. Ние политичарите сме должни тоа да го разбереме, да ги прифатиме сите критики и да дадеме се од себе да помогнеме.
Владата итно да престане да се расправа и да се докажува со родителите кои се наоѓаат во состојба на силна болка и тага.
Родителите кои мирно маршираат на улиците на Кочани Влада не смее политички да ги етикетира и со нив да влегува во дневнополитички препукувања.
Факт е дека Владата не се справува добро со барањата, финансиска поддршка нема, условите за лекување се многу лоши а сите мерки на Владата повеќе наликуваат на ПР потези отколку искрена и недвосмислена желба за помош.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: СДСМ