Македонија

Претреси во Битола, пронајдена дрога, приведени две лица

Претреси во Битола, пронајдена дрога, приведени две лица

Вчера, во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола во координација со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при МВР ги лишиле од слобода М. С. (42) и С. К. (30), двајцата од Битола, извести МВР.

„При претрес во домот на М. С., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени нож и други предмети со остатоци од дрога и пари во разни апоени и валути за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. А при претрес во домот на С. К., извршен исто така со судска наредба, биле пронајдени одземени кокаин, грутчеста материја, куршуми и пари во разни апоени и валути за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело“, соопшти МВР.

Двајцата биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот, до Основното јавно обвинителство Битола против нив е поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

На почеток