Групна виртуелна изложба „First-Person Explained”

21.11.2023 10:19
Групна виртуелна изложба „First-Person Explained”

Како дел од своето виртуелното студио, издавачката куќа за уметнички книги PrivatePrint организира групна виртуелна изложба насловена First-Person Explained.

Изложбата претставува дела од четворица млади и талентирани уметници: Ана Трајковска, Риџет Ферати, Симона Манчева и Крсто Глигорјадис. Куратор на изложбата е Илија Прокопиев, 3-Д дизајнер Борко Хаџиевски, програмер Милан Насевиќ, а координаторка на проектот е Марија Христова.

Додека се движат во дигиталниот свет од нивните креации, гледачите се поканети да прошетаат низ интимните наративи на овие млади автори, чии практики се нурнуваат во сложеното поле на откривањето на себеси и својот израз.

Преку хармоничен пресек од разновидни перспективи, First-Person Explained разоткрива колективно испитување на идентитетот, меморијата и на суштинските врски коишто нè поврзуваат како луѓе низ заедничко искуство. Оваа посета на виртуелното студио на PrivatePrint е единствена и виртуелна средба со сировата автентичност на овие млади таленти и нивните свежи идеи.

На следниов линк прочитајте повеќе за секое дело, кога ќе влезете во изложбата.

PrivatePrint - VR Studio е колаборативна програма за курирање и дизајнирање виртуелни изложби. Програмата е започната по идеја на архитектот и 3Д-дизајнерот Борко Хаџиевски, еден од основачите на PrivatePrint Studio и наш долгогодишен соработник, кој ја изработи виртуелната верзија на нашето студио. На даден предлог од уметник, тимот на PrivatePrint - VR Studio курира, моделира и просторно дизајнира изложба целосно поставена во виртуелниот простор.

VR Studio 2023 е кофинансирано од Министерството за култура на Северна Македонија и е овозможено преку активностите во серијата средби PrivatePrint Meets, финансирана преку Prince Claus Network Partnership Programme.

Извор:https://privateprint.mk/

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото