
Фудбалерите на Баерн Минхен ја освоија титулата шампион на Германија на две кола пред крајот откако нивниот единствен конкурент Баер Леверкузен ремизираше на гостувањето кај Фрајбург (2:2).
До последните минути, дури изгледаше дека актуелниот шампион Баер ќе претрпе пораз, бидејќи домашниот тим водеше со 2:0 по головите на Максимилијан Егештајн (44) и автоголот на Пјеро Хинкапи (47). Флоријан Вирц (80) и Џонатан Та (90+3) постигнаа голови за „Апотекарите“, но бодот не им беше доволен. Леверкузен сега има 68 бода, додека Баерн на првото место има 76.
Баерн Минхен со тоа стана во неделата стана шампион на Германија по 34-ти пат во својата историја. Во последните 15 сезони, само Борусија Дортмунд (2011 и 2012) и Баер Леверкузен (2024) му ја одзедоа националната титула.
Фудбалерите на Кил денеска го победија Аугсбург со 3:1 на гостински терен. Стрелци за Кил беа Скотото Матино од пенал во 25. минута и Александер Бернардсон во 40. и 51. минута. Стив Муни го постигна голот за Аугсбург во 90. минута.
Кил е на претпоследното, 17-то место со 25 бода, на еден бод од местата кои го гарантираат опстанокот, а Аугсбург е на 11-та позиција со 43 бода.