Уништување на Охридското езеро
Пластика и градежен шут на дното на Охридското Езеро. Загадувањето продолжува, несовесноста и себичноста на дел од граѓаните не стивнува, напротив езерото и понатаму е жртва на тежок кабаст отпад кој на дното може да опстане и стотитици години и да предизвикува загадување кое и во моментов е големо.
Нуркачите со заеднички еко акции постојано се вклучуваат во чистење на водите.Велат потребни се за да се спречи поголемо загадување.
Според нуркачите пластиката е најголемиот проблем. Од општината велат дека се за казнувања но и поголема едукација на населението за штетите од фрлањето на отпад во водите.
Досегашните акции за чистење на езерото во одредена мера вродиле со плод, но сепак треба уште многу поинтензивно да се работи на подигнување на јавната свест. Доколку продолжи негрижата на населението, на Охридското езеро му се заканува потполно уништување на некои ендемични видови од животинскиот и растителниот свет предупредуваат екологистите.