
Фон дер Лајен и кинескиот премиер разговараа за царините
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 08 Април 2025

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен утрово разговараше со кинескиот премиер Ли Кианг. Европската комисија објави соопштение за медиумите.
„Како одговор на широкото нарушување предизвикано од американските царини, претседателката Фон дер Лајен ја нагласи одговорноста на Европа и Кина, како два најголеми пазари во светот, да поддржат силен реформиран трговски систем, слободен, фер и заснован на еднакви услови“, се вели во соопштението.
„Претседателката повика на договорено решение на актуелната ситуација, нагласувајќи ја потребата да се избегне понатамошна ескалација“, се посочува.
Се додава дека Фон дер Лајен и Ли ја допреле клучната улога на Кина во справувањето со потенцијалното трговско пренасочување предизвикано од царините
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
