logo
logo
logo

„Ла Република“: Различни групи кардинали имале приватни разговори пред конклавата

Vecer | 06.05.2025

„Ла Република“: Различни групи кардинали имале приватни разговори пред конклавата

Правилата наведуваат дека кардиналите мора да се воздржат од каква било форма на преговори, договор или ветување, но правилата не ја спречуваат „размената на идеи за избори“. 

„Ла Република“ пишува дека африканските кардинали неодамна биле забележани во седиштето на Мисионерите на Африка, таканаречените Бели Отци, на „Виа Аурелија“ во Рим. Се наведува дека нивниот водач е надбискупот од Киншаса, Фридолин Амбонго, почитувана личност која одржува добри односи и со Јужноафриканецот Стивен Брислин и Шпанецот Кристобал Лопез Ромеро. 

Кардинали кои зборуваат англиски јазик, а доаѓаат од различни делови на светот, вклучувајќи ги земјите од Комонвелтот, Северна Америка, Азија и Африка, одржаа неколку заеднички вечери, но не се очекува да гласаат како обединет блок на конклавата. 

Во седиштето на Минхенската епархија, кардиналот Рајнхард Маркс беше домаќин на некои од 54-те европски кардинали, од кои многумина се водени од неговите совети, пишува италијанскиот весник. 

Италијанските кардинали се сретнаа неколку пати во помали групи, а во разговорите наводно вклучиле и неколку кардинали кои имаат над 80 години и нема да учествуваат на конклавата. 

Конклавата, односно собранието на кардинали, на кое ќе се гласа за изборот на нов папа ќе почне утре. Претходните две конклави, во 2005 и 2013 година, траеја по два дена. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk