Македонија МЕП

Муртезани на средба со претставници на Програмата за развој на трговското право при Министерството за трговија на САД (CLDP)

Министерот Муртезани посочил дека Владата веќе презема конкретни мерки за унапредување на правниот и институционалниот амбиент за инвестирање, при што особена улога има работната група составена од експерти од надлежни институции на Северна Македонија, со поддршка од CLDP и Амбасадата на САД во земјава.

Муртезани на средба со претставници на Програмата за развој на трговското право при Министерството за трговија на САД (CLDP)

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска оствари средба со претставници на Програмата за развој на трговското право при Министерството за трговија на Соединетите Американски Држави (CLDP) и на Амбасадата на САД во Република Македонија, на која што беше истакната заедничката заложба за унапредување на правната рамка и подобрување на инвестициската клима во Македонија, соопштија од Министерството.

Во рамки на средбата било потенцирано дека странските директни инвестиции се еден од клучните столбови на економската стратегија на државата, особено имајќи предвид дека станува збор за мала и отворена економија.

-Сепак, имајќи ги предвид глобалните геополитички случувања и потребата од зголемена претпазливост, неопходно е воведување на национален механизам за проверка на странските директни инвестиции, во согласност со критериумите и стандардите предвидени со Берлинскиот процес, Регулативите на ЕУ и НАТО стандардите за безбедност и заштита на јавниот ред и мир, велат од МЕП.

Министерот Муртезани посочил дека Владата веќе презема конкретни мерки за унапредување на правниот и институционалниот амбиент за инвестирање, при што особена улога има работната група составена од експерти од надлежни институции на Северна Македонија, со поддршка од CLDP и Амбасадата на САД во земјава.

Тој информирал за работната група која изминативе месеци активно работела на изготвување на нов нацрт закон за проверка на странските директни инвестиции кој има за цел да обезбеди поголема транспарентност, предвидливост и подобрена институционална координација, со што би се создале услови за посигурна, а со тоа и попривлечна деловна околина за домашните и странските инвеститори.

Министерот истакнал и дека првиот нацрт текст претставува почетна, но стратешка основа и оти следуваат дополнителни консултации со сите релевантни засегнати страни, вклучително и со бизнис заедницата. Во таа насока, била изразена благодарност за досегашната соработка и поддршка од американските партнери, со уверување дека ваквите иницијативи претставуваат вистинска насока кон создавање праведна, модерна и предвидлива законска рамка која ќе го поттикне економскиот развој и владеењето на правото.

To top