Енрике: Трофејот во ЛШ беше наша цел веќе долго време, но нема да застанеме тука

ПСЖ го „растури“ Интер со 5-0 во финалетово Лигата на шампионите, и дојде до својот прв историски трофеј во најелитното натпреварување. Синоќа ПСЖ доминираше, италијанскиот тим едноставно немаше шанси против расположенеата француска екипа.

Тренерот на победничкиот тим Луис Енрике изјави дека е среќен поради титулата, но најави дека тимот нема да застане тука, туку дека ќе оди на нов трофеј во европската „елита“.

„Чувствувам радост, среќа. Игравме натпревар против многу силен тим на Интер, но притискавме, создадовме шанси, доминиравме од самиот почеток и победивме сосема заслужено. Ова е наша цел долго време. Отсекогаш сакавме да го постигнеме тоа, но тука нема да застанеме. Сега гледаме напред и сакаме да освоиме уште една титула. Пред тоа, да уживаме во она што го постигнавме. Ги направивме луѓето среќни, што е најважно“, рече Луис Енрике.

„Се обидов да не го зголемувам притисокот бидејќи никогаш претходно не го освоивме овој трофеј. Интер е одличен тим, но ние бевме фантастични. Секој фудбалер го зголеми перформансот индивидуално, но тоа важи и за тимот како целина. Уште од првиот ден кога дојдов тука реков дека дојдов тука да освојувам трофеи, и сега ја освоивме Лигата на шампионите првпат во историјата. Им благодарам на навивачите за транспарентот во спомен на мојата ќерка. Таа секогаш е во моите мисли“, потенцираше Енрике. 

Се вчитува...