Мбапе: Ме болат гласините дека не сум сакал да му го препуштам пеналот на Модриќ

Килиан Мбапе од Реал Мадрид ја освои „златната копачка“ за најдобар стрелец на стариот континент, но доби критики од навивачите поради една ситуација на натпреварот со Реал Сосиедад во последното коло на Примера. 

„Кралевите“ на овој меч се збогуваа со легендарниот Лука Модриќ, а навивачите беа шокирани кога Мбапе го изведуваше пеналот во 38. минута, очекувајќи дека токму Хрватот ќе добие шанса да се збогува со постигнат гол. 

„Асенсио и Модриќ разговараа. Јас се свртев кон нив и ги прашав дали Модриќ сака да го изведе ударот. Тој одговори дека мене ми е потребна „златната копачка“ и ми го препушти ударот. Лука директно ми рече да шутирам и да постигнам погодок.

Ме повредуваат шпекулациите дека сум бил себичен, никогаш не би си го дозволил тоа. Се радувам што имав чест да ја делам соблекувалната со Модриќ“, изјави Мбапе. 

Славниот Модриќ го заврши својот четиринаесетгодишен престој во Реал Мадрид, а наскоро се очекуваат повеќе информации околу следната дестинација во кариерата.  

ФОТО/PHOTO: Real Madrid CF