Утрово од тим на ЦУК беа поминати и разгледани повеќе критични точки за можни одрони и нестабилни карпи на автопатот Скопје – Велес, при што беа забележани на повеќе локации мали карпи и камења коишто, иако се заштитени со мрежи, е можно истите да се стркалаат на брзата сообраќајна лента.
По нашето неодамнешно укажување за опасност јавните претпријатија за државни патишта и за одржување и заштита и магистрални патишта препораливо е да направат стручен надѕор и да ја санираат и обезбедат состојбатата на критичните места за одрони.
-Во ЦУК, има повеќе пријави од граѓани. Ситуацијата со опасната карпа е сериозна и потребно е во најбрз можен рок да биде направена санација, односно да се отстрани за да не се загрози човечки живот. Повеќе од 18 денови карпата е одвоена од основниот масив високо над патот и паѓаат парчиња камења на автопатот со што директно се загрозени учесниците во сообраќајот, информираат од ЦУК.