Бизнис

ТУРИСТИЧКИОТ СЕКТОР ВО ЕУ ЌЕ СОЗДАДЕ 4,5 МИЛИОНИ НОВИ РАБОТНИ МЕСТА

Секторот за патувања и туризам на Европската Унија (ЕУ) ќе продолжи силно да расте и ќе создаде 4,5 милиони нови работни места до 2035 година, со што вкупниот број ќе достигне повеќе од 30 милиони.  Придонесот на тој сектор во БДП на ЕУ ќе се зголеми, се наведува во новите предвидувања на Светскиот совет за патувања и туризам (WTTC).

Овој сектор ќе ангажира едно од седум работни места низ ЕУ во следната деценија. Прогнозите се  дека придонесот на патувањата и туризмот во БДП ќе порасне на речиси 2,3 милијарди евра. Неговиот економски удел ќе се зголеми на речиси 11 проценти во следните десет години, а годишната стапка на раст ќе го надмине растот на целата економија на ЕУ, пишува Хина.

Туристичкиот и угостителскиот сектор во ЕУ ќе донесе приход за владите на ЕУ во износ  повеќе од 900 милијарди евра годишно. Во следните десет години потрошувачката на меѓународни посетители во ЕУ ќе достигне 730 милијарди евра, а потрошувачката на домашни посетители ќе надмине 1,2 милијарди евра.

Потрошувачката на меѓународни посетители во ЕУ оваа година ќе се зголеми на 573 милијарди евра, или за повеќе од 11 проценти во споредба со минатата година, а потрошувачката на домашниот туризам исто така би можела да се зголеми за 1,6 проценти, на околу 1,1 милијарда евра, пренесува Бизнис.ба.


 фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано