Буфон: Најмногу се срамам од купувањето на средношколската диплома

Џанлуиџи Буфон зад себе остави исклучителна спортска кариера, но призна дека се срами од еден негов потег од младоста. Имено, славниот италијански голман на само 18 години беше ѕвезда на италијанскиот фудбал. Поради тоа немал време да оди на училиште, па платил за да добие диплома.

„Направив многу грешки кога бев млад. Она од што најмногу се срамам е купувањето на средношколската диплома. Никогаш не би го направил тоа бидејќи е нечесно.

Не сакам да одам по краток пат до успехот. Но, добро, не сум совршен и мислам дека затоа сум близок со луѓето“, изјави Буфон.

Играчката кариера ја заврши на први август минатата година. Буфон веднаш по завршувањето на кариерата најде нова работа. Легендарниот голман стана шеф на делегацијата на италијанската репрезентација и ќе ја преземе функцијата што некогаш ја извршуваше покојниот Џанлука Вијали.