• Latest

Муртезани: Ако не ги спроведеме реформите успешно и да најдеме решение со Бугарија, нашиот процес ќе биде блокиран

March 15, 2025
Screenshot taken on X - HRC

ОН за човекови права: Властите во Белград да ја почитуваат слободата на изразување и собирање

July 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Во синоќешните израелски напади во Газа убиени 94 Палестинци, 45 од нив додека чекале хуманитарна помош  

July 3, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

Европски големи компании побараа пауза од две години на Законот за вештачка интелигенција на ЕУ

July 3, 2025
Меморијален центар Поточари - Сребреница

Нови гласови од Сребреница: На младите им е пружена платформа за сеќавање и помирување

July 3, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц ја повика ЕУ на итен договор со САД за царините

July 3, 2025
Фото: Скриншот од видеото на Марио Бојиќ, Х

Опозицијата во Србија бара оставка од министерот за внатрешни работи Дачиќ поради полициска бруталност за време на протестите во Белград

July 3, 2025

Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

July 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNBC-TV18

Ескалација на нападите на Трамп врз шефот на американската централна банка, го повика веднаш да поднесе оставка

July 3, 2025
Фото: Wikimedia commons

Европратениците ќе гласаат за недоверба на Комисијата на Фон дер Лајен

July 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
DWS News

Британските пратеници изгласаа забрана за пропалестинска активистичка група според законот за борба против тероризмот

July 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Муртезани: Ако не ги спроведеме реформите успешно и да најдеме решение со Бугарија, нашиот процес ќе биде блокиран

March 15, 2025 09:42
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ние се уште сме меѓу најподготвените држави во регионот за пристапување кон ЕУ. Моето лично убедување е, а тоа го гледам и од системот со кој цело време работам, како и од моите секојдневни контакти во Брисел, дека ако во скоро време го решиме проблемот со Бугарија, во 2030 година потенцијално би можеле да станеме полноправна членка на ЕУ, рече вечерва министерот за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Орхан Муртезани.

Муртезани во гостувањето на „Трилинг“ истакна дека процесот на пристапување во ЕУ нема да може да се заврши ако не се нафатиме да направиме сериозни реформи во правосудниот систем. Тој ја сподели бројката која, како што нагласи, сите ја знаат, дека само два отсто од граѓаните имаат доверба во правосудството.

-Тоа значи очајна потреба од ургентни реформи. Сите сигнали кои доаѓаат од Брисел се дека таму се неопходни реформски зафати, но тоа што Брисел сака да го види е одреденото политичко влијание во институциите, конкретно во правосудството, да не се заменува со друго политичко влијание. Сите такви загрижености треба сериозно да ги слушаме и да ги имаме предвид во нашите настојувавња за реформи во правосудството, напомена министерот.

Во врска со македонско-бугарските односи, Муртезани оцени дека најголемата пречка е недостигот на доверба. Земјава, рече, го направи првиот чекор и комуникација има, но треба да се спушти на институционално ниво и да се прошири. За внесувањето, пак, на Бугарите во Преамбулата на Уставот, тој е дециден дека формално правно таков чекор ќе се потегне кога во Собранието ќе има двотретинско мнозинство, но Македонија, потенцира, се залага процесот на проширување да го направи попредвидлив со оглед дека повеќе пати имавме искуство со редовни блокади што, нагласи, не прави многу повниматели. Според Муртезани, се што ќе значи дека процесот на преговори ќе заврши без да биде блокиран, за нас е добредојдено.

На прашањето до кога би можеле да бидат изгласани уставните измени, тој повтори дека Владата е подготвена да го потегне тоа ако добие сигнал дека процесот на преговри нема да биде блокиран.

-Се уште сметам дека со Бугарија имаме безброј теми на кои можеме да соработуваме без притоа да зборуваме за уставните измени. Првиот чекор е воспоставување доверба која ќе создаде фундамент за градење идно решение. Без ваков пристап секој ќе седи на својата позиција и на тој начин ќе оневозможиме изнаоѓање заедничко решение, рече министерот.

Негов став е дека во текот на преговорите може да не блокира и друга членка, но во однос на се што е поврзано со реформите.

-Апсолутно да. Ако не ги спроведеме реформите успешно и да најдеме решение со Бугарија, нашиот процес ќе биде блокиран. Сепак, тоа ќе биде предизвикано од нас, а сите блокади досега не биле предизвикани од нас. Тоа што во Брисел е како преамбула „стриктно да, но коректно“ сме подготвени да го трераме и се што е поврзано со зајакнување на здравјето на демократијата, правната држава, економијата сме подготвени да го изодиме, но не и блокади кои не се предизвикани од нас и уште помалку, кои не се поврзани со процесот на преговори, подвлече Муртезани.

Во врска со „трампизмот“ и новата американска политика, Муртезани е дециден дека продлабочувањето на билатералните односи со САД не се косат со стратешките приоритети на нашата држава.

Фото: Принтскрин

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    88 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ