Новиот сопственик на кавадаречки „Еуроникел“ за евтино го купува стечајниот имот

Објавено во: Економија 02 Мај, 2025 07:50
Голден Игл Никел, кој треба да биде новиот сопственик на Еуроникел во стечај од Кавадарци, а при тоа фабриката за фероникел треба да го рестартира производството под тоа име, го купува стечајниот имот од поранешно „Фени“.
Инаку „Голден Игл Никел“ е фирма која е основана од турската Јилдирим групација, која треба да направи реорганизација и реструктуирање на „Еуроникел“ и во иднина да врати, односно да работи со 800 работници во Возарци.
Според она што е објавено во стечајната постапка на Основен суд Кавадарци во одлука од 25 април, собранието на доверители било известено дека на огласот за продажба на стечајната меса, пристигнале повеќе понуди, претежно за купување на рудата и тоа за неколкукратно во просек пониски цени од проценетата вредност.
Во рамки на т.н. „пакети“, за магацин од 27 милиони денари добиена била понуда од Голден Игл Никел од 5,4 милиони денари. Руда што била проценета на вредност од околу 68 милиони денари, добила понуда од само 6,8 милиони денари, односно само 10 отсто и повторно од „Голден Игл Никел“. Идниот сопственик од Турција понудил 1,16 милиони денари за графитни електроди кои според проценката вредат 5,83 милиони.
Имало понуди за купување и на цевки, варовник, амбалажа, но со далеку помали цени. Од повредниот имот, единствено Универзал Минералс Интернационал од САД дал понуда од 3,7 милиони денари за конверторска троска од 12.000 тони што би вредела 25,4 милиони денари.
Цените се постигнати на електронската аукција која се одржала на 23 април, а продажбата треба да биде потврдена на собранието на доверители закажано за 27 мај.
Групацијата Јилдирим минатата година се стекна со сопственост врз имотот на Еуроникел Кавадарци и соопштија дека фабриката ќе се рестартира под името „Голден Игл Никел“. рекоа дека веќе започнале со организација и реструктуирање со цел да може да се рестартира производството во фабриката за фероникел во Кавадарци со потенцијално вработување на 800 лица од кавадаречкиот регион.
Еуроникел во стечај започна со продажба на објектите и суровините есента минатата година, за да се исплатат доверителите, меѓу кои и работниците и транспортерите.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
Трамп ги зголемува влоговите за договор за царини, и ѝ порачува на Европа: „Стопирајте ги ветерните фарми, ги уништувате вашите земји!“

„Сакам да работам“ до „Антикоцкање“: Нема посилен аргумент од вашето предизборно појавување дека легалните игри на среќа се цел на политичко-етнички инженеринг!

„ОД КАДЕ СЕ ПАРИТЕ СО КОИ СЕ КУПУВААТ СТАНОВИ?“ Славески заинтересиран за потеклото на парите

ТЕХНОЛОШКИ ГИГАНТ СЕ ПОВЛЕУВА ОД ЕУ: Компанијата планираше да отвори фабрика вредна десетици милијарди евра во Германија, а сега се откажува

Инфлација во Босна: Дали ќебапите ќе се продаваат на парче?

Што открива финансискиот извештај на Унибанка за првите шест месеци?

Србија може да воведе санкции за Русија, но има услов

Николовски: Отворена само една семејна винарија за една година
