ЛЕВИЦА ИМА „ЛЕК“ КАКО ФУНКЦИОНЕРИТЕ ДА НЕ ОДАТ ПО НЕВЕСТИ НА КОСОВО - „Укинете им ги привилегиите, така нема да можат да дивеат“

Објавено во: Македонија 19 Август, 2024 14:13
Скандал се случи викендов кога претседателот на Собранието, Африм Гаши, со службено возило и државно обезбедување одел на свадба во Косово и Метохија, а за сопствените приватни потреби го блокирал целиот граничен премин, пишуваат во своето соопштение од Лервица.
„Функционерските привилегии се стимулатор на расипничко однесување на функционерите, без разлика дали се избрани или именувани. Нивната секојдневна злоупотреба беше извор на проблеми во претходната Влада, но истото продолжуваат да го прават и функционерите од новиот владин состав.
Дивеењето на коалицискиот партнер на Мицкоски и ДПМНЕ е евидентно уште од конститутивната седница! За збеснатиот Гаши, Левица веќе поднесе интерпелација во Собранието по седум точки и истата чекаме да биде ставена на дневен ред. Бланко - поддршката за избор на претседател на Собранието од редовите на ДПМНЕ останува.
Потсетуваме и дека пред само неколку недели, обезбедувањето на Гаши впери пиштол во полициски службеник на скопскиот аеродром.
Нагласуваме дека Левица е единствената политичка партија која во својата програма и платформа се залага за УКИНУВАЊЕ НА ПРИВИЛЕГИИТЕ за функционерите! По однос на злоупотребата на службените возила, мерките кои ги предлагаме се:
- Укинување на привилегиите, ПАТНИТЕ ТРОШОЦИ и апанажите на избрани и именувани функционери, во сите нивоа на власта;
- Воведување специјални ЦРВЕНИ РЕГИСТАРСКИ ТАБЛИЧКИ за службените возила на државните органи, општините и јавните претпријатија;
- Воведување на задолжителни ,,GPS - ЛОКАТОРИ", со цел мониторинг на тоа кој каде и за што ги вози службените возила;
- Ограничување на бројот на службени возила на министерствата на максимум 3-5 автомобили и воведување лимит од максимум цена на возило.
Само со укинување на функционерските привилегии ќе се спречи нивна злоупотреба! Луксузирањето на политичарите на сметка на граѓаните не смее да биде пракса“, се вели во соопштението од Левица.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Обвинение против 34 лица за пожарот во Пулс, има докази кој ја внел пиротехниката

БЛИСКИТЕ БАРААТ ПОМОШ: Се изгубил Македонец во Германија

СО НИВ ЌЕ ЈА БАРА ДОВЕРБАТА НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ: ВМРО-ДПМНЕ објави осум кандидати за градоначалници

ЈАКИМОВСКИ: Соочени сме со колапс на ЈП „Паркови и зеленило“

МАКЕДОНИЈА БЕШЕ ВОЗДРЖАНА ЗА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА ГАЗА: Муцунски објасни зошто...

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ИМА ДОКАЗИ КОЈ ЈА ВНЕЛ ПИРОТЕХНИКАТА: Постапката e запрена за 11 лица, меѓу кои двајца поранешни министри

СИЈАРТО: Бугарија отворено ги попречува вашите настојувања за интеграција, но вие не чекате заради тоа 20 години

Во српското Собрание се слуша „Дали некој има кафетин“: Стори на Кики Мукаетова кое ја насмеа македонската јавност
