Кица Колбе: Гледајќи го повторно овој филм на Манчевски ми стана јасно дека од таа чудесна игривост и шифровитост на приказната во овој филм, тој во филмовите кои следеа по „Пред дождот” небаре направи манир. Ми се чини дека секоја негова нова приказна е сѐ поконстрирана, а со тоа и сѐ похерметична. Тоа што во овој филм е „живо” поврзано со поетската димензија на приказната, веќе во филмот „Прашина” стана артифициелност. Восхитувајќи се на несомненото мајсторство и луцидноста во композијата на кадрите, си помислив дека е штета што Милчо Манчевски своето мајсторство зад камерата не го примени во филм според туѓо сценарио. Исто толкава штета е што во неговите понови филмови стана сѐ понезабелжлив неговиот поетски сензибилитет. Од друга страна, сето тоа е разбирливо, затоа што тоа се замките за секој уметник. Кога првиот филм е ремек дело, како „Пред дождот”, тоа за уметникот е предност, но и проклетство, затоа што тој често не може да излезе од „кругот” на неповторливиот првенец. Линк
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.