Автомобил влета меѓу навивачите на Ливерпул додека ја славеа титулата (ВИДЕО)

26. 05. 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Автомобил влета меѓу навивачите на Ливерпул додека ја славеа титулата (ВИДЕО)

„Црвените“ мораа да чекаат до последниот ден за официјално да го добијат трофејот, иако го обезбедија кон крајот на април, а за денес беше планирана посебна парада во таа чест на улиците на Ливерпул.

Тргна во 14:00 часот низ улиците на Ливерпул, а автобусот ги превезуваше играчите од првиот тим на „Редси“, предводени од Мохамед Салах и Вирџил ван Дајк.

Четири часа подоцна, на една од улиците се случи гореспоменатиот хаос, кога автомобил влета во толпата навивачи. Полицијата веднаш реагирала, но како што објавува „Дејли меил“, сè уште не е познато дали или колку луѓе се повредени.

- Моментално сме на местото на настанот поради несреќа во центарот на Ливерпул. Бевме контактирани кратко по 18 часот по пријавите дека автомобил удрил во голем број пешаци. Автомобилот застанал на лице место, а лицето било приведено. Брзата помош е на местото на настанот, ќе објавиме повеќе информации кога ќе ги имаме“, се вели кратко во соопштението на полицијата во Ливерпул.

Навивачите почнаа да бегаат од местото на несреќата во паника, а парадата наводно се протегала по рута од 10 милји.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата