logo
logo
logo

БАНКРОТИРА ПОЗНАТ КОЗМЕТИЧКИ ланец кој го САКААТ и Македонките: Затвора продавниците низ цела Европа, тешки денови!

Vecer | 17.03.2024

БАНКРОТИРА ПОЗНАТ КОЗМЕТИЧКИ ланец кој го САКААТ и Македонките: Затвора продавниците низ цела Европа, тешки денови!

Британскиот козметички ланец Body Shop е во голема деловна криза!

Пионерот во етички произведената козметика поднесе барање за стечај во февруари и сега мора да затвори уште 75 од своите 200 продавници. Тоа значи губење на речиси 500 работни места.

Додека само 116 филијали можат да продолжат да работат во Обединетото Кралство, привремениот приемник за Германија, Binner Bahr, нагласува дека во моментов нема планови за затворање на 63-те филијали.

Барањето за стечај за Body Shop Germany беше поднесено во средината на февруари, но досега работата се одвива нормално. Засега повеќе од 400 работници остануваат вработени додека се бара начин за реструктуирање на компанијата.

- Фокусот е да се продолжи и да се бара купувач кој би можел да ја преземе целата мрежа на експозитури - изјави Бинер за агенцијата ДПА.

Германските медиуми јавуваат дека фокусот е ставен на изнаоѓање купувач кој ќе обезбеди брзо преземање до крајот на април.

Во својот врв, компанијата имаше повеќе од 3.000 продавници во 66 земји.

Основана е во 1976 година и е позната по својот еколошки активизам и борбата против употребата на животни за тестирање на козметички производи. Сега е во сопственост на инвестициската компанија Аурелиус.

Компанијата има продавници и во Македонија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk