Обединетите нации изразија загриженост поради судрите во Сирија
- Обединетите нации денеска соопштија дека специјалниот пратеник на Обединетите нации за Сирија, Гир Педерсен изразил загриженост поради насилствата во таа земја, особено во предградијата на Дамаск и во Хомс.

Женева, 30 април 2025 (МИА) - Обединетите нации денеска соопштија дека специјалниот пратеник на Обединетите нации за Сирија, Гир Педерсен изразил загриженост поради насилствата во таа земја, особено во предградијата на Дамаск и во Хомс.
„Педерсен е вознемирен од извештаите за цивилни жртви, како и жртви меѓу припадниците на безбедносните сили, како и од можноста за понатамошна ескалација на исклучително кревката ситуација“, се вели во соопштението на Обединетите нации.
Центарот за мониторинг на човековите права денеска соопшти дека 22 лица се убиени во судири на периферијата на Дамаск, додека вооружени групи нападнале цивили и припадници на безбедносните сили. рп/
Фото: МИА архива