„Луѓе од никаде“ – случаи на појавување и исчезнување на личности што е тешко да се објаснат
Во последните седум децении, низ светот се регистрирани околу 50 случаи на појава на т.н. „луѓе од никаде“ – мистериозни личности кои се појавуваат ненадејно на јавни места, без документи, сеќавања или објаснување како стигнале таму. Најчесто тоа се случува на аеродроми, станици и во централни делови на градови, а присутните не можат да утврдат од каде се појавиле.
Иако дел од ваквите случаи се објаснуваат со губење на меморија, постојат и настани кои остануваат целосна мистерија. Во 1997 година, маж без документи и без познавање на каков било јазик се појавил на токискиот аеродром. Со него комуницирале шест месеци преку слики и гестови, сѐ додека не покажал локација во Тихиот океан – без копно. По кратко време исчезнал од прифатилиштето, без трага.
Слична приказна се случила во Казан, Русија, во 1999 година, каде маж со необичен изглед и мирис на билки, од непознато село, исчезнал од затворена просторија на железничка станица. Во 2010 година, жена во Сиднеј тврдела дека „паднала од авион“, а ноќта ја минала во заклучена ќелија од која наутро – ја немало.
Истражувачите на необјаснети феномени сметаат дека овие луѓе можеби потекнуваат од паралелни светови – места со различна географија, јазици и историја. Други пак веруваат дека станува збор за вонземјани под човечко прикритие. Дали станува збор за психолошки феномени, заблуди или вистински паралелни реалности – прашањето останува отворено.
Замислете што би правел човекот кога се би можел се да објасни што се случува (случило)?
Some really great articles on this web site, thankyou for contribution.
Коментирај анонимно