ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
16.05.2022
Расплет во фудбалска Европа – Реал, Баерн, ПСЖ… И?
Автор: Goce Author

Автор: Михаил Данев

Расплет во фудбалска Европа! Завршуваат најсилните европски фудбалски првенства, расплетот некаде се знае, некаде ќе одлучува последното коло. Каква е ситуацијата во петте најсилни лиги?

Бундеслига – Германија

Овој викенд се одигра последното коло во Бундеслигата каде Баерн Минхен го освои трофејот со 77 бодови.Борусија Дортмунд освони 69 бода и е на втората позиција, додека Леверкузен е на третата со освоени 64 бодови.

Во најсилната германска лига од следната сезона ке нема место за Билефелд и Гројтер Фирт , додека Херта сама ке си одлучува за својата судбина играјќи против Хамбургер во баражот.

Најефикасен за сезонаната 2021/2022 е Роберт Левандовски од Баерн со постигнати 35 голови.Најверојатно оваа сезона ќе биде последна за Роберт Левандовски во Бундеслигата,се очекува трансвер на Пољакот најверојатно во Шпанија,но се уште нема официјални информаци.

Лига 1 – Франција

Пари Сен Жермен е шампионот на Франција за сезоната 2021/2022.Предводени на чело со младиот Килиан Мбапе тие во последното коло влегуваат со 83 бодови, додека втората и третата позиција ја делат Монако и Марсеј со 68 бодови. Од лигата испадна славниот Бордо, а помеѓу Мец и Сент Етјен ќе се бара кој ќе испадне директно, а кој ќе игра бараж за опстанок.

Премиер лига – Англија

На едно коло во најсилната лига во Англија борба за првото место водат Манчестер Сити и Ливерпул. Овој викенд Ливерпул го освои Фа Купот на Англија совладувајќи го Челзи на пенали,додека пак Манчестер Сити ремизираше во лигата против Вест Хем на гости.

Моментално на првото место е Манчестер Сити со освоени 90 бодови,додека ливерпул има 86 бодови и натпревар помалку.

Реал, Баерн и ПСЖ ја обележаа фудбалска Европа за 2022 – следни Сити или Ливерпул, Милан или Интер?

Од Премиер лигата веќе испаднаа Вотфорд и Норич, а третиот патник во Чемпионшип ќе се бара помеѓу Барнли, Лидс и Евертон, со тоа што најзаогрозен е Лидс, кој има за одигрување само уште еден натпревар.

Денес во 21:00 часот колото го затвараат Њукасл и Арсенал.

Ла Лига – Шпанија

На едно коло до крајот, се е решено во Шпанија каде Реал Мадрид е Шампион за сезоната 2021/2022.Битката се води за опстанок на дното на табелата каде Кадиз и Мајорка имаат по 36 бодови а само 1 под повеќе има Гранада која е на шеснаесетата поиција. Леванте и Алавес од следната сезона ке се преселат во втората лига на Шпанија.

Серија А – Италија

Битката за скудетото во Италија се уште не е завршена.После 37 одиграни кола на првата позиција се наоѓа Милан со 83 бода, а одма до него е Интер со освоени 81 бод.Победникот ќе се знае во последното коло каде Милан гостува во Сасуоло,а Интер дома ја пречекува Сампдориа.

Колото вечерва го затвараат Самподориа-Фиорентина во 18:30 часот и Јувентус Лацио во 20:45 часот.

Борбата се води и за опстанок помеѓу Каљари (29 бодови) и Салернитана (31 бод). Во последното коло Каљари гостува на испаднатата Венеција, а Салернитана го пречекува Удинезе. Покрај Венеција, во Сериа Б се сели ми Џемнова.

(Видео) Нов трејлер за GTA 6, но играта се одложува до 2026 година
Воспитување на деца – дали новите генерации се преблаги?