Нкунку заминува од Челси

Тренерот на ЧелСи, Енцо Мареска потврди дека доброволно го оставил напаѓачот Кристофер Нкунку надвор од протоколот за последниот натпревар против Фулам.

Челси славеше во 33. коло од Премиерлигата против „соседите“ по голем пресврт во финишот од натпреварот.

Нкунку не го ни најде своето место на клупата на мечот, а Мареска на новинарите им потврди дека Французинот не е повреден.

Нкунку дојде во Лондон од Лајпциг каде блесна во дресот на Ред Бул. Челси плати 52 милиони фунти за него, но тој не ги оправда вложените средства.

Се вчитува...