Киднапирана 22-годишна девојка, завршила во болница

22-годишна скопјанка била повредена откако насилно била внесена во автомобил во Струга. 

– На 12.06.2025 во 04.30 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека околу 02.00 часот на ул.„Маршал Тито“ во Струга,

лицето А.Н. и уште едно лице со употреба на сила ја внеле С.Е.(22) од Скопје во патничко возило и заминале од местото.

Во 09.11 часот во СВР Охрид, лекар од Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје пријавил дека С.Е. побарала помош кај нив и ѝ биле констатирани телесни повреди, информираа од полицијата за случајот. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде