Најдоминантниот шампион во Европа во последните две децении продолжи да владее!

Синоним за фудбалот во Гибалтар е тимот на Линколн Ред Импс, а и оваа сезона работите не се променија и не заврши владеењето на најдоминантниот шампион во европскиот фудбал во последните две децении.

Само еднаш во последните дваесет години, Линколн Ред Импс не беше шампион на Гибралтар. Тоа беше во сезоната 2016/17, кога тимот на Европа стана шампион. Оваа сезона беше неизвесно до крајот, последните две кола понудија драма, но Линколн успеа да го одбрани тронот.

Линколн заврши на врвот со 66 освоени бода, исто колку што имаше и второпласираниот тим Сент Жозеф. Но, подобриот меѓусебен дуел одлучи за тоа кој ќе биде првак на Гибралтар.