Крушево домаќин на првото државно првенство во планински велосипедизам

Оваа сабота (17-ти мај) со почеток во 10 часот стартува премиерното издание на маратонот во планински велосипедизам ,,Krushevo MTB Challenge” во организација на Велосипедскиот клуб Енерџи и Велосипедската федерација на Македонија.

Во рамките на овој настан, за прв пат во историјата на велосипедскиот спорт ќе се реализира и Државното првенство во планински велосипедизам Маратон како дел од официјалниот календар на ВФМ и според пропозициите и критериумите на Светската велосипедска федерација УЦИ.

Натпреварувачите ќе имаат можност да одберат помеѓу мал маратон од 25км и голем маратон од 75км со вкупно искачување од 650 односно 2000 метри.

Овој настан се реализира со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка – Increasing Market Employability – IME, Алто Панорама хотел и спа, хотел Монтана и Општина Крушево.

Признанија и награди ќе бидат доделени за сите возрасни категории и тоа: 18-29, 30-39, 40-49,50-59,60+.

Пријавувањето е отворено до 15ти мај на следниот линк:

https://energi.trki.mk/mk/events/mtb-maraton-vo-krusevo-2025?fbclid=IwY2xjawJ53fJleHRuA2FlbQIxMQABHk3ku2ivESJ69Sqy_EKU38mpUr37OcouhMiHebLe9BPptZ-weNX4l80F6KZx_aem_4thfGV_K7-D7RpzXITZ9Uw