Илјадници навивачи на Барселона се собраа на улиците на градот за да им честитаат на своите миленици, кои оваа сезона, покрај титулата во Примера , го освоија и Купот на кралот и Суперкупот на Шпанија . Сепак, триумфалното расположение накратко беше засенето од инцидент со еден од играчите.
Отворениот автобус со играчите тргна од стадионот на Барселона во 18:00 часот. Поворката, долга околу 15 километри, помина низ најважните делови од градот кон Триумфалната капија, а навивачите пееја и ги поздравуваа своите идоли. Околу 20:30 часот, кога парадата стигна до својата последна точка, беше организиран огномет за да се означи крајот на прославата. Потоа автобусот се вратил кон стадионот „Камп Ноу“.
Во еден момент, прославата неочекувано се претвори во драма кога дефанзивецот на Барселона, Ињиго Мартинез, ја изгуби рамнотежата и падна од автобусот. Според информациите, неговиот соиграч Дани Олмо исто така паднал со него, што накратко предизвика вознемиреност кај присутните.
За среќа, и двајцата минале без посериозни повреди, но овој инцидент ја наруши атмосферата на улиците. Сепак, потоа Мартинез наздравуваше со пиво со своите соиграчи, па тоа беше сигнал дека се е во ред со него, а потоа се појави и Олмо.
Borracho, con banderas independentistas e insultando a rivales. Se está bañando de gloria el anormal de Iñigo Martínez. pic.twitter.com/cuT6NsrC1H
— ᴍᴀɴᴜ. (@ESnomanu) May 16, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА