Фаворит за оваа зима - чизми во бургунди нијанса
•
28 ноември 2023
Кога станува збор за софистицирани чизми, мора да ги споменеме оние во бургунди бојата.
За тие што не се запознаени, бургунди ја има во неколку различни нијанси од бојата на сливата па сè до онаа на темното, варено вино.
Не се впечатливи како црвената, а не одат ни до крајноста на црната.
Токму затоа чизмите во бургунди боја ја имаат таа моќ да ја направат секоја комбинација софистицирана.
Како нијанса одлично одат со сите сиви тонови, супер се сложуваат со џинс и темно сината боја, ванила...
Доколку сакате секогаш можете и да одберете монохроматски аутфит во којшто секако ќе изгледате впечатливо.
Оваа нијанса е чест избор на познатите дами и на модните инфлуенсерки.
Еве зошто...
Фото: Pixabay