Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска упати честитка по повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам.

-Овој светол ден на жртвувањето не потсетува на важноста на верата, добрината и грижата за ближниот. Нека празничните денови внесат духовен мир, здравје и изобилство во Вашите домови, а солидарноста и милосрдието што ја одликуваат бајрамската традиција послужат како поттик за уште поголема меѓусебна почит и заедништво во нашето мултикултурно општество, пишува Гаши во честитката.

Тој е убеден дека со заедничка посветеност, сите ќе продолжиме да го јакнеме соживотот, толеранцијата и хуманоста во нашата држава.

-Собранието останува цврсто посветен партнер во унапредувањето на слободата на вероисповед и во градењето општество на еднакви можности за сите. Нека Курбан Бајрам Ви донесе радост, благосостојба и благослов во секое семејство, пишува претседателот на македнското Собрание, Африм Гаши во честитката по повод Курбан Бајрам.

Фото: МИА архива