Поврзете се со нас

Шпанија

Лапорта во еуфорично издание по притисоците од Реал: Ние сме дојдени за спектакл (Видео)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fcbarcelona

Реал Мадрид изврши притисок врз судиите кои се делегирани за денешото финале во Копа дел Реј и се закани дека нема да излезе на терен доколку не бидат променети, а откако целиот заплет наиде на остра реакција од Ла Лига и Федерацијата, „кралевите“ попуштија и доцна во ноќта најавија дека сепак ќе играат против Барселона.

Вчерашниот ден беше навистина тензичен и несекојдневен во Шпанија и го доведе во прашање еден од најважните натпревари оваа сезона, а откако голем дел од јавноста го нападна Реал Мадрид за ставот кој го зазема, денеска новинарите успеаја да изнудат изјава и од Жоан Лапорта.

Претседателот на Барселона се појавил во навистина расположено и еуфорично светло во Севилја, па оттаму испратил и порака пред да почне да навива заедно со фановите.

– Притисокот на Реал? Ние веруваме деак ова финале е суштината на фудбалот. Има голема страст, има големо ривалство, има фантастични фудбалери на теренот и очекуваме спектакл. Ние сакаме ова финале да биде спектакл, да се зборува само за тоа. Тоа е она што го сакаме.

– Имаме верба во нашиот тим, им благодарам на Флик и на играчите, тие предизвикаа страст кај сите навивачи. Едвај чекаме да почне финалето, веруваме во нашиот талент и во квалитетот. Ќе имаме добри шанси да победиме и да освоиме нов трофеј, – изјави Лапорта.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни