Наградата „Златна топка“ за 2025 ќе биде доделена на 22 септември на церемонија во Париз

72

Наградата „Златна топка“ за најдобар фудбалер за 2025 година ќе биде доделена на 22 септември во Париз, објави денес „Франс фудбал“.

Како што е најавено, церемонијата ќе се одржи во Театарот Шателе, каде што ќе бидат прогласени најдобриот фудбалер, најдобрата фудбалерка, најдобрата млада фудбалерка, најдобриот стрелец, најдобриот голман и најдобрите тренери во обете конкуренции.

Минатата година, најважниот трофеј, „Златната топка“ за најдобар фудбалер, му беше доделен на Шпанецот од Манчестер Сити, Родри. Минатогодишната церемонија беше обележана со скандал бидејќи никој од „Реал Мадрид“ не беше присутен иако Карло Анчелоти беше прогласен за тренер на годината, во знак на протест што Винисиус Жуниор не ја доби наградата, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ