Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Петрова: „Пулс“ ја платила глобата за неправилности во готовинските плаќања, запечатен бил кафе-барот на истиот сопственик
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Петрова: „Пулс“ ја платила глобата за неправилности во готовинските плаќања, запечатен бил кафе-барот на истиот сопственик
МАКЕДОНИЈА

Петрова: „Пулс“ ја платила глобата за неправилности во готовинските плаќања, запечатен бил кафе-барот на истиот сопственик

Објавено June 27, 2025 13:39
Сподели
Сподели

Сопственикот на дискотеката „Пулс“ ја платил глобата што била изречена за констатирани неправилности при готовинските плаќања, поради што не била блокирана жиро сметката, а поради конфузија било запечатено работењето на кафе-барот што го поседувала истата фирма, истакна директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова во одговор на новинарско прашање за реакциите на родителите на починатите во трагедијата во Кочани.

-Во дискотеката „Пулс“ се спроведувани контроли од страна на УЈП и се применети мерките согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања. Значи, тие мерки предвидуваат дека при прва контрола во којашто ќе бидат утврдени неправилности се изрекува глоба, доколку глобата е неплатена се преминува кон привремена забрана за вршење на дејност којашто трае, согласно Законот, 30 дена. При втора контрола во рок од две години се преминува директно кон мерката привремено забрана за вршење на дејност којашто трае 30 дена. Овие законски норми се применети и при контролата во оваа дискотека. После првата контрола платена е глобата, имало и запечатување на објектот, меѓутоа тука имаме два објекта во таа компанија, а така што настанува конфузија во однос на тоа кон кој објект била применета мерката запечатување. Запечатувањето било извршено на кафе-барот, додека кај дискотеката е применета мерката глоба и глобата била платена, истакна директорката Петрова на денешната прес-сконференција во УЈП.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Нова инвестиција во Штип, фабрика за производство на батерии со 150 вработувања
Следна Статија Марта Кос во понеделник и вторник во Скопје на средба со лидерите од Западен Балкан

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Миноски: Голема идеја – основа за трансформација на земјата

Она што на Македонија ѝ недостига за успешно завршување на болниот процес на транзиција е голема идеја – визија која…

January 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Сакаме рационално решение за деблокада на пристапниот процес

Македонската Влада ќе биде непоколеблива и крајно посветена на реформите што ги вети и знае дека тие не може да…

April 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски-Касаноф: Поддршка од САД за аспирациите на Македонија за целосна евроатлантска интеграција

Имавме искрена и пријателска средба која беше потврда за тридецениското партнерство помеѓу двете земји кое се темали на заеднички вредности…

December 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

Врачени највисоките фестивалски признанија на Струшките вечери на поезијата

Со врачување на највисоките фестивалски признанија, „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“ и меѓународното поетско читање „Мостови“ вчера…

August 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?