20 мај, 2025
ПочетнаКОМПАНИИРекордните приходи од камати направија висока добивка на Стопанска банка АД Скопје

Рекордните приходи од камати направија висока добивка на Стопанска банка АД Скопје

Заклучно со третиот квартал на годината Стопанска банка АД Скопје оствари нето добивка на износ од 1,813,259 илјади денари, која во однос на истиот период од минатата година е повисока за 28 %.

Подобрување на резултатите од работењето има речиси кај сите позиции, пред сè, како резултат на воспоставениот бизнис-модел на Банката, приспособен на потребите на клиентите и на пазарот.

Вкупната актива на Банката на 30.9.2021 година изнесува 106.840.438 илјади денари.

Нето-приходите од камати изнесуваат 2.849.954 илјади денари и се зголемени за 3 % во однос на истиот период од минатата година. Притоа, продолжува трендот на надолно движење на каматните стапки, при што влијанието е поизразено кај каматните расходи поради поголемиот износ на депозити во однос на кредити.

Нето-приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 633.279 илјади денари и се зголемени за 16 % во однос на анализираниот период од минатата година, пред сè поради зголемениот обем на активности речиси во сите сервисни услуги.

Нето-приходите од курсни разлики се зголемени за 40 % во однос на истиот период од минатата година и изнесуваат 97.569 илјади денари како резултат на зголемениот волумен на тргувања на девизниот и менувачкиот пазар.

Останатите приходи од дејноста забележаа зголемување од 49 % и изнесуваат 324.374 илјади денари.

Во исто време, Банката успеа да ги одржи оперативните трошоци од работењето на релативно исто ниво, при што трошоците за вработени изнесуваат 663.122 илјади денари, додека оперативните трошоци изнесуваат 577.329 илјади денари.

Во анализираниот период, Банката издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансната изложеност, на нето-основа, во износ од 606.151 илјади денари, која е намалена за 16 % во однос на истиот период од претходната година.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП