Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Канада, 10-та трка од овогодинешното првенство во Формула 1.
На патеката „Жил Вилнев“, Британецот го забележа својот прв триумф во квалификациите оваа сезона, со круг од 1:10.899 минути, со десетинка и половина предност пред Макс Ферстапен во болидот на Ред Бул.
Третото време го оставри лидерот во генералниот пласман на Оскар Пјастри, кој беше 61 илјадити дел од секундата зад бранителот на титулата. Одличните квалификации на Мерцедес ги надополни тинејџерот Андреа Кими Антонели кој го забележа четвртото најбрзо време.
Покрај големата битка за пол-позицијата, квалификациите во Монтреал беа обележани и со лошиот пласман на еден од главните претенденти за титулата покрај Пјастри и Ферстапен, Ландо Норис во вториот Мекларен.
Британецот и на тренизите се мачеше, правеше премногу грешки, истото му се случи и во третата квалификациска сесија и заврши седми, повеќе од седум десетинки од секундата зад Расел. По првите четворица следеа седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон во Ферари и Фернандо Алонсо во Астон Мартин.