• Иван Димовски
Ракометниот клуб Магдебург продолжи да работи на иднината, па со нов договор го врза еден од најдобрите играчи во ростерот.
Омар Инги Магнусон стави потпис на нова соработка со германскиот гигант. Исланѓанецот парафира нов договор кој ќе важи во следните три години, односно до крајот на сезоната 2027/28. 28-годишникот е еден од најдобрите играчи во Магдебург, а клубот со овој тип на договор му покажа дека верува во него на долг рок.
Omar Ingi Magnusson 2028
Schön, dass du bleibst, Omar
_____#SCMHUJA I pelviews pic.twitter.com/oRIGZ3h1yo— SC Magdeburg (@SCMagdeburg) May 19, 2025
Во својата кариера Магнусон тргна преку Селфос и Валур во родната земја, потоа во 2016 година се пресели во Алборг. Откако го крена своето ниво, во 2020 година следуваше повик од Бундеслигата и пристигна во Магдебург.