• Саше Љолес
Килиан Мбапе добил стомачен вирус и веднаш е пренесен во најблиската болница, каде ќе му бидат извршени дополнителни испитувања, јави шпанскиот гигант, Реал Мадрид.
Францзинот не беше во составот на првиот меч на клупскиот Мундијал против Ал-Хилал, а сега е позната и причината за изоставувањето од тимот. Лекарите на Реал изјавија дека не се работи за ништо сериозно, но играчот ќе мора да мирува неколку дена, по што ќе биде познато дали ќе биде во комбинација за настап.
Parte médico de Mbappé.
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) June 19, 2025
Реал Мадрид го започна турнирот со реми против саудискиот клуб, а во групната фаза го очекуваат уште два меча - против Салцбург и Пачука
ФОТО/PHOTO: Real Madrid CF/Twitter/X