Нејмар го шокираше фудбалскиот свет откривајќи: Преговаравме со Гвардиола...

Нејмар го шокираше фудбалскиот свет, откривајќи дека бил блиску до премин во Баерн Минхен од Сантос, на иницијатива на Пеп Гвардиола. Бразилецот објасни и како дошло до средбата со тренерот на Манчестер Сити.

„Откако ја освоив наградата „Пушкаш“, татко ми ми се јави во два часот наутро. Кога одговорив, ми рече да ја отворам вратата. Бев по боксерки, а таму беа татко ми, Пеп Гвардиола и преведувачот на видео повик за да почнат преговори со мене", откри Нејмар.

Сепак, соработката со Гвардиола во Баерн не се оствари, бидејќи Нејмар имал други планови. Пеп Гвардиола го водеше Баерн од 2013 до 2016 година со голем успех, но не успеа да ја освои Лигата на шампионите. Со Баерн освои вкупно седум трофеи, оставајќи неизбришлива трага во клубот.

Славниот Бразилец кариерата ја започна во Сантос каде настапуваше од 2009 до 2013 година. После тоа, тој се пресели во Барселона, каде што мина четири сезони од 2013 до 2017 година. Следуваше трансфер во ПСЖ, чиј дрес го носеше од 2017 до 2023 година. Потоа помина две години во саудиски Ал-Хилал, а сега се врати во Сантос.