• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Иднина без чад: Модната индустрија почнува да му врти грб на пушењето

Од stylist @StylistMKD · На декември 9, 2022

11

Цигарите сè уште се поврзани со модата, но индустријата конечно почнува да ја прифаќа иднината без чад и надвор од модната писта

Модната индустрија во овој период од годината паузира, до почетокот на уште една сезона на Модната недела, која се очекува да стартува во февруари следната година. Без разлика дали се работи за модните настани во Њујорк, Лондон, Милано или Париз, не е секогаш облеката за која сите зборуваат. Може да се очекува некој од дизајнерите да организира контроверзен трик на модната писта, или славна личност да се однесува лошо во првиот ред.

Честа тема на разговор на модните ревии се цигарите што ги пушат моделите на модната писта. Врската на пушењето со модата може да се проследи уште во 1920-тите  години, кога жените почнале да ја прифаќаат традиционално машката забава. Со поимите за бунт и независност, сите модели често биле прикажувани во рекламите со цигара во рака. До 1960-тите, Ив Сен Лоран дури и дизајнираше женски смокинг очигледно за пушачи, насловен „Le Smoking“, кој имаше сатенски ревери за одбивање на пепелта.

Во текот на 20 век, пушењето продолжи да се појавува во модните реклами и фотосесии. Индустријата е позната по својот бунтовнички дух и нејзината намера да провоцира, па не е изненадување што цигарите сè уште се поврзани со модата.

Објаснувајќи ја важноста на пушењето во модните снимања, британската стилистка и моден уредник Маријан Квеи објасни: „Знаеме дека пушењето не е добро за нас. Проблемот со модата е дека се работи за бунт. Станува збор за осмислување нови идеи и за привлекување на јавноста да ги види тоа од перспектива на дизајнерот“.

Многу списанија се оддалечуваат од сликите за пушење. Меѓународниот консултант за мода и односи со јавноста, Чимер Сисе забележа постепена промена во големите американски и британски магазини, иако признава дека пушењето сè уште е популарно кај неговите француски колеги.

„Големите, главни списанија се оддалечуваат од користењето цигари. Влеговме во доба на благосостојба. Сакаме да бидеме поздрави, па има чекор во таа насока. Цигарата е класична, култна слика, но се помалку може да се види. Некои од поголемите модни брендови би биле претпазливи да го гламуризираат пушењето во ова ново време, кога се води повеќе сметка за здравјето. Тоа е речиси во согласност со движењето против крзното“.

Додека многу од главните списанија се оддалечуваат од цигарите, се чини дека некои од пожестоките и алтернативни модни публикации сè уште го користат пушењето како „реквизит“ за да создадат атмосфера во фотографиите.

Квеи верува дека ова е застарен концепт, а оние што го спроведуват треба да бидат поиновативни. Таа објасни: „Целата работа со пушењето во фотосесиите стана здодевна. Секоја втора слика што ја гледате содржи цигара. Тоа е мрзелив начин за додавање атмосфера. Индустријата треба да излезе со повеќе креативни кампањи, повеќе креативни снимања. Треба да создадеме атмосфера преку користење на други реквизити“.

DSCF0958

Квеи призна дека е толку посветена на пораката против пушењето што морала да се повлече од снимањето кога фотографот или уредникот инсистирал да вклучи пушење.

Кога популарните модели, кои сега имаат милиони следбеници на социјалните мрежи, пушат во фотографиите, тоа често предизвикува контроверзии, што веројатно немаше да се случи пред 20 години. Во 2011 година, супермоделот Кејт Мос предизвика бес кога пушеше цигара на модната писта на Луј Витон на модната недела во Париз, која иронично се одржа на „Денот против пушењето“ во нејзината родна Велика Британија.

„Кога моделот е сликан со цигара, често има бурни реакции на социјалните мрежи. Сите се посвесни кога ќе се појави таква фотографија“, вели Сисе.

Некои од имињата и брендовите во индустријата се оддалечуваат од пушењето, особено што денес е сè поактуелен концептот за намалување на штетите како начин за искоренување на пушењето цигарите, како навика штетна по здравјето, со користење на помалку штетни алтернативни електронски уреди. Концептот за намалување на штетите кој е наменет за оние кои не можат или не сакаат да се откажат од никотинот, денес е широкот прифатен како подобра алтернатива. Електронските уреди, како IQOS, се базираат на технологија која го загрева тутунот и не создава чад и катран, туку аеросол кој, за разлика од чадот кој содржи само цврсти честички, е комбинација на течни капки, цврсти честички и воздух. Како резултат на тоа, тие испуштаат помалку и пониски нивоа на штетни и потенцијално штетни состојки во споредба со чадот што се создава при согорувањето на тутунот.

Квеи верува дека нагонот за промени во индустријата сега лежи кај растечките млади ѕвезди на модниот свет, особено етичките брендови, кои одбиваат да го стават пушењето во нивните фотографии. Таа додава: „Видов дека повеќе од етичките брендови ја преземаат пораката против пушењето. Тие знаат дека забраната за пушење е поодржлива за животната средина. Малку по малку, некои брендови стануваат посвесни за животната средина. Забележав дека дигиталните списанија се борат против гламурозноста на пушењето“.

Додека некои од имињата и брендовите во индустријата се оддалечуваат од пушењето, има уште многу пат да се изоди. Следејќи ја најновата серија модни недели, дали некои од големите брендови или публикации во следните месеци ќе се залагаат за начин на живот без цигари? Критичарите се надеваат дека индустријата како целина е конечно подготвена да продолжи понатаму и да прифати подобра иднина.

 

 

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 моден монитор

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

  • Danilo-and-Sharon-Studio-079 моден монитор

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

  • 1 моден монитор

    Ексклузивен свадбен настан во Скопје е церемонијата до која водат златните покани

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

    јуни 25, 2025
  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025
  • 1

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

    јуни 3, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics