18.06.2025 23:24
Кошарка Спорт

Бостон во проблеми: Сезоната и официјално заврши за Џејсон Тејтум

Бостон е во негатива од 1-3 против Њујорк во полуфиналната плеј-оф серија во НБА-лигата, а сега ќе мора да бара чудо и без првата ѕвезда Џејсон Тејтум.

Кошаркарот на Селтикс ја повреди ахиловата тетива, а тимот синоќа соопшти дека 27-годишникот веднаш бил опериран. Тоа значи дека сезоната за Тејтум е завршена, но Бостон не соопшти до кога ќе биде надвор од паркетот. Вообичаено повредите на ахиловата тетива се исклучително тешки и спортистите отсуствуваа од 9 месеци до 1 година.

Тејтум се повреди на три минути до крајот на последниот меч против Никс, на кој одигра неверојатна кошарка и постигна 42 поени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Најголемиот аргентински талент потпиша за Реал Мадрид

Дејан Дејан

Трајковски херој против Астана: Македонија е без пораз 10 натпревари

Дејан Дејан

Томас Франк ќе биде нов тренер на Тотнем

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе