Огромна дупка „голта“ луѓе и автомобили во Италија, војската на помош на настраданите (ВИДЕО)

22. 02. 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Огромна дупка „голта“ луѓе и автомобили во Италија, војската на помош на настраданите (ВИДЕО)

Во тој момент покрај неа поминал автомобил, кој завршил во „провалија“, покрај паркирано возило, пренесува La Stampa.

На местото на настанот пристигнале спасувачки екипи, полиција и пожарникари, а војниците први им помогнале на преплашените патници.

Тие беа стационирани во близина, како дел од кампањата „Strade Sicure“ (Безбедни улици).

„За чудо преживеавме, можеше да биде многу полошо. Живи сме благодарение на нашите војници“, велат жртвите од бизарниот инцидент.

Војниците се симнале во „провалијата“, ја отвориле вратата, ги извлекле луѓето и им помогнале да излезат на површина.

На снимката од местото на настанот се гледа дека покрај автомобилот во дупката завршило и големо дрво. Во исто време пукнале водоводни цевки, а имало и поплавени станови.

Градоначалникот на Неапол рече дека градот има „канализациски систем кој што со години не се одржува “.

„Спроведуваме проект на континуиран мониторинг на водоводната и канализационата мрежа со што ќе се овозможи превентивно одржување“, рече тој.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата