Од ДУИ велат дека со години наназад, илјадници квадратни метри зеленило биле уништени за да се отстапи место на нелегални и корумпирани градби.
„Оваа општина, една од најгусто населените во Европа, стана една од најзагадените и најнеливите општини во државата.
Последните откритија за стотици згради изградени со фалсификувани документи, јавно обелоденети, ја откриваат вистинската димензија на скандалот и реалната опасност што му се заканува на животот на жителите.
Ова е срамен крај на еден мандат обележан со корупција, загадување, незаконско градење и киднапирање на иднината на нашите деца.
Но надежта доаѓа. За само неколку месеци, ова зло што ја попречуваше иднината на Чаир ќе биде отстрането, и ќе се отвори ново поглавје исполнето со достоинство, зеленило и надеж за сите наши граѓани“, велат од ДУИ.