Поднесено обвинение, украл три лаптопи од канцеларијата на градоначалникот Стефковски

Објавено во: Македонија 03 Јуни, 2025 12:19
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за тешки кражби, а во еден наврат украл три лаптопи од канцеларијата на градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски.
Главна цел на развојникот биле канцелариите на оваа општина, но упаднал и во природно-математичкиот и во шумарскиот факултет кои се на територијата на Гази баба.
„Од август 2024 до април годинава осомничениот 48-годишник продолжено во повеќе наврати вршел кражби во канцеларии на општина Гази Баба. Најпрво на почетокот на август 2024 насилно откорнал метална решетка на прозорец и од кацеларија на службеникот за внатрешна ревизија одзел лаптоп компјутер вреден 18.000 денари. Потоа, неколку дена подоцна, насилно отворил друг прозорец и од канцеларијата на градоначалникот одзел уште три лаптопи во вкупна вредност од 74.000 денари. Во април годинава, повторно насилно влегол во една од бараките, пребарувал и одзел лаптоп, бормашина и други предмети, вредни вкупно 41.100 денари.
На 19 април 2025 осомничениот насилно ја отворил влезната врата на Миколошката лабораторија на Природно-математичкиот факултет и одзел вкупно шест лаптоп компјутери и 500 денари, односно вкупната вредност на одземените предмети е 208.576 денари.
Два дена подоцна осомничениот насилно влегол и на Шумарскиот факултет, пребарувал во два кабинети и во читалната, но од непознати причини се откажал од намерата и без да земе ништо го напуштил местото на настанот“, информира ОЈО.
До судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставен е предлог за определување мерка притвор.
Можеби ќе ве интересира
ТРАГЕДИЈА ВО ИТАЛИЈА: се удави 9-годишно девојче со потекло од Македонија (ВИДЕО)

ВНИМАВАЈТЕ ДЕНЕС И УТРЕ ВО СКОПЈЕ: Поширокото градско подрачје под посебен сообраќаен режим!

„НЕ СЕ НИ СВЕСНИ ДЕКА СО ЗАТРУПУВАЊЕ НЕ ЗАПИРА ЗАГАДУВАЊЕТО. САМО НЕ СЕ ГЛЕДА“: професорката Најчевска со остра критика

„ГРАНИЦАТА НА ВЛАСТА НА БЕЛГРАД ЗА ЕВРОПСКО И ЕВРОАТЛАНСКО СКОПЈЕ Е ДО ТАБАНОВЦЕ“: Величковски вели, ЕП со извештајот го брани македонскиот идентитет

ДАНЕЛА ПРЕДУПРЕДУВА, МАКЕДОНИЈА Е ТРУСНО ПОДРАЧЈЕ, ПОКАЖА СЛИКИ ОД СРУШЕНИ ЗГРАДИ ИЗГРАДЕНИ КАКО ОНИЕ НА ГАНИУ: „Никој не вели да не градите, ама градете по пропис!“

„ОВА ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ГОДИНИ НА ГРЧКА ГРАНИЦА СО ЧЕКАЊЕТО ПО 10 СААТИ Е НАДВОР ОД УМОТ!“Македонец со апел, бара поддршка за решавање на проблемот со чекањето на Евзони!

НЕДЕЛАВА ДО 39 СТЕПЕНИ: Суптропски Антициклон ќе донесе многу високи температури

Јапонка заврши во болница откако паднала кај Канео

Град Скопје: Обвинителството ја почна постапката по првата пријава за Општина Чаир
