• петок, 11 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Олимпија го донесе Митровски и го сруши клупскиот рекорд

Олимпија го донесе Митровски и го сруши клупскиот рекорд

Љубљана, 13 јуни 2025 (МИА)  Олимпија од Љубљана официјално го потврди доаѓањето на македонскиот репрезентативец Димитар Митровски (26), кој пристигнува од Вараждин. Љубљанскиот клуб објави дека Митровски станал „рекордно засилување“ во историјата на Олимпија. Иако сумата сè уште не е позната, со оглед на тоа што најскапо платен играч на тимот досега бил Нигериецот Блесинг Елеке, се претпоставува дека Олимпија платила повеќе од 800 илјади евра обештетување за десниот крилен играч.

-На „змејовите“ им се придружи и македонскиот репрезентативец Димитар Митровски како рекордно засилување за сегашното раководство! Тој потпиша договор до летото 2028 година, објави Олимпија.

Митровски има одлична сезона зад себе, постигнувајќи осум гола на 28 лигашки настапи за Вараждин, а неговата проценета пазарна вредност е 1,5 милиони евра.

Тој има одиграно осум натпревари за репрезентацијата на Македонија, а во Вараждин пристигна од македонски Брера во јануари 2023 година.

Во својата кариера беше член и на Работнички, Ханза Росток, Магдебург и Спортинг Лисабон. дс

Фото: X /ФК Олимпија

Остани поврзан