Ракометарите на Е. Пелистер во епска битка успеаја на гостински терен да го совладаат Вардар и да се закитат со нова шампионска титула.
Битолчани имаат причина за славје, доминацијата во мак-ракометот ја продолжија со третиот шампионски трофеј во низа, а нивните приврзаници во раните утрински часови ги дочекаа своите спортски херои.
Се славеше до раните утрински часови, а од „пелистерци“ преку своите профили на социјалните мрежи испратија порака: ЗЕЛЕНА АРМИЈА НИШТО НЕ ЈА ЗАПИРА!!!!!
Официјалната прослава на новиот шампионски трофеј е закажана за денеска во 20 часот, пред Офицерскиот Дом во „градот на конзулите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА