Се прекинува „должничкото ропство“ на граѓаните! Ова се новите измени во Законот зa облигационите односи и Законот за извршување!

Пратениците од парламентарното мнозинство денеска ги усвоија законските измени со кои драстично се намалуваат вкупните трошоци за брзите кредити, се пофалија од СДСМ.

Со усвоените измени на Законот за финансиски друштва вкупните трошоци на земен т.н брз кредит не може да бидат поголеми од 60 отсто од кредитот.

Со ова се прекинува праксата со која за кредит од 10.000 денари граѓаните досега враќаа и по 70.000 денари.
Измените биле покренати од Народниот правобранител кој на својот фб-профил објави:

ЗБОГУМ НА ДОЛЖНИЧКОТО РОПСТВО‼️
🎯На иницијатива на Народен правобранител, Собранието денес ги изгласа измените
на Законот зa облигационите односи и Законот за извршување, во делот на наплатата на каматите во постапките за извршување.
❗️Конкретно, станува збор за предлог кој произлегува од нашето предметно работење, а се однесуваше на прашањето за казнената камата. Нашиот предлог – казнената камата да не може да биде поголема од главниот долг, односно кога каматата ќе го достигне главниот долг да престане да тече е денес усвоен.💪
Со измените во Законот за облигациони односи и Законот за извршување, казнената камата нема да може да биде поголема од долгот. Дополнително, се скратува и рокот за застареност од 10 на 5 години од правосилноста на одлуката.
Извојувана е голема победа за сите граѓани✌️
Важно: се однесува и на тековните постапки!!!