Комфорот на прво место - широки панталони

Fashionel.mk

07/09/2023

22:04

8.577

Големина на фонт

а а а

Кога ја ставаме комоцијата на прво место, а треба да изгледаме убаво, тогаш на сцена стапуваат широките панталони.

Од карго моделот, па сè до ретро кроевите, широките варијанти на панталони ќе бидат насекаде и оваа есен.

Најдобро кај нив е што можеме да ги комбинираме со сè, од маички на кратки и блузони, до елегантни кошули и блејзери.

Годините наназад удобноста e на прво место, па затоа широките кроеви се едни од омилените, а тоа не важи само за панталоните.

Она на што треба да внимавате кога ги комбинирате се пропорциите, a благодарение на нивната леснотија можеме да ги носиме преку целиот ден.

Модните инфлуенсерки се сложуваат со овој тренд, а ние сме секогаш тука за некоја идеја плус.