Трагедија: Во страотна несреќа доцна синоќа загина 16-годишно момче

Ноќеска, два часа по полноќ загина малолетен мотоциклист на возраст од 16 години, кога се судрил со електричен тротинет управуван од 14-годишно момче.

Трагедијата се случила на улицата „Цветан Димов“ во Чаир.

Од здобиените повреди на местото починал мотоциклистот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Додека, 14-годишникот се здобил со телесни повреди констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’“, велат од МВР за „Скопје1“

Увид на местото на несреќата извршиле екипа на полицијата и јавен обвинтиел, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде