Претставата „Види, летам!“, во режија на Ивана Ангеловска на сцената на велешки театар

Објавено на 14 октомври, 2024 во 15:31

„Види, летам!“ е претстава која е подготвена по вистински приказни на лица бегалци, баратели на азил и лица без државјанство. Овие луѓе на посебни работилници водени од тимот на претставата, храбро ги споделија своите животни искуства со актерите, авторот и режисерот.

Нивните идентитети во текот на целиот процес остануваат заштитени и анонимни.

Раскажаните приказни авторот на претставата Ана Ристовска Трпеноска ги преточи во емотивен текст кој што говори за трауматичните настани низ кои овие лица поминувале но и за нивните детства, соништа, емотивни потреби, љубовни искуства и потребата да бидат дел од задницата која често ги отфрла.

Проектот е во режија на Ивана Ангеловска, а под креативно водство на уметничкиот координатор Нела Витошевиќ.

Во претставата играат актерите Никола Настоски, Исмет Шабановиќ, Ана Димитрова, Леонардо Лазов и Сара Спиркоска.

Поддржан од Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНЦХР) и Младинскиот образовен форум (МОФ), „Види, летам“ на Вондрленд Театар не само што ветува дека ќе ја воодушеви публиката, туку и се обидува да ја поттикне емпатијата со бегалците и лицата без државјанство. Со доближување на овие важни човечки приказни, продукцијата има за цел да поттикне подлабоко разбирање и поврзување во нашата заедница.

Вондерленд театар е независна театарска продукција со седиште во Скопје. Главните цели на продукцијата поткревање на свеста а потребата од културна и општествена промена како и внесување свежина на независната уметничка сцена, експериментирајќи со алтернативни места и виртуелен простор.

Претставата ќе се оддржи во четврток, на 17 октомври 2024 година, на сцената на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ со почеток во 20:00 ч. Влезот е слободен.

Вондерленд театар од Скопје во соработка со Младински Образовен форум (МОФ) и УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци, со задоволство Ве покануваат на изведба на претставата „Види, летам!“.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.