24 Јуни, 2025
0.0276

ЕСМ бара поскапување на парно греењето за околу 35 отсто, на потег е Регулаторна комисија за енергетика

Објавено во: Економија 13 Јуни, 2025 07:50

Добивај вести на Viber

Фирмите-ќерки на ЕСМ за снабдување, дистрибуција и производство на топлинска енергија доставиле барања до Регулаторна комисија за енергетика за поскапување на сметките за парно греење за околу 35 отсто.

Ваквиот потег зачудува ако се знае дека во јануари РКЕ веќе дозволи едно поскапување за оваа услуга за  5,03 отсто а како причина за зголемувањето на цената беше наведено дека во меѓувреме поскапел природниот гас на светските берзи и намалено било производство на АД ТЕ-ТО кое наместо 60 отсто учествувало со 51 процент во производството на топлинска енергија.

Овој месец се чека каков потег ќе повлече регулаторот, кој веќе најави дека цената може да се зголеми само ако се намали бројот на потрошувачи. Инаку ако се види кај завршната сметка кај ЕСМ Продажба, која го снабдува природниот гас, ќе може да се види дека лани имало помали количини на таква набавка, додека на самата веб страница во ЕСМ Санбдување со топлина во извештајот за 2024 наведено е дека наплатата била поголема од 95 отсто, што се смета за солидно остварување.

ЕСМ Дистрибуција поднесе барање до РКЕ за поскапување на услугата за 38,83 отсто, ЕСМ Производство бара повисока цена за 35,47 проценти, а ЕСМ Снабдување очекува 52,11 проценти поголема наплата. Овие три барања се поднесени изминатите денови.

Од ЕСМ Снабдување со топлина не добивме конкретен одговор за колку очекуваат да поскапи загревањето за скопјани, туку само не известија дека имаат право и обврска да поднесат такво барање согласно прописите.

„Согласно подзаконските акти најдоцна до 31 мај, овие компании имаат обврска да ги достават трошоците за производство и испорака на топлинска енергија со цел одредување на регулираниот максимален приход и контрола на цената на топлинската енергија за тековната година.

Врз основа на регулативата, РКЕ ги анализира доставените финансиски и технички податоци, ги следи клучните елементи потребни за одобрување на регулираниот максимален приход и цената на топлинската енергија и ги утврдува тарифните ставови по кои се фактурира испорачаната топлинска енергија до крајните потрошувачи“, гласи одговорот од ЕСМ.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ КОНТРА МИЦКОСКИ: Државниот долг за две години ќе достигне 12 милијарди евра

СДСМ КОНТРА МИЦКОСКИ: Државниот долг за две години ќе достигне 12 милијарди евра

ФИЛИПИНЦИ, ИНДИЈЦИ, КОСОВЦИ: Колку странци работат во Албанија?

ФИЛИПИНЦИ, ИНДИЈЦИ, КОСОВЦИ: Колку странци работат во Албанија?

ЌЕ СТРАДА СВЕТСКАТА ЕКОНОМИЈА: ММФ даде прогноза што ќе донесе зголемувањето на цената на нафтата

ЌЕ СТРАДА СВЕТСКАТА ЕКОНОМИЈА: ММФ даде прогноза што ќе донесе зголемувањето на цената на нафтата

Русија и Ирак во паника: Конфликтот „ја зема“ нафтата

Русија и Ирак во паника: Конфликтот „ја зема“ нафтата

АКО САКАТЕ ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЛАТА: Еве како да го побарате и добиете

АКО САКАТЕ ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЛАТА: Еве како да го побарате и добиете

ТРАМП: Ве следам, не ја зголемувајте цената на нафтата

ТРАМП: Ве следам, не ја зголемувајте цената на нафтата

(ВИДЕО) МИЛОШЕСКИ ОД АВАЛОН ПРОДУКЦИЈА: Јас ова што го работам, би го работел и без пари

(ВИДЕО) МИЛОШЕСКИ ОД АВАЛОН ПРОДУКЦИЈА: Јас ова што го работам, би го работел и без пари

Одобрена е првата продажба на запленетиот имот на Мијалков и Груевски, се очекуваат почетни 3,5 милиони евра

Одобрена е првата продажба на запленетиот имот на Мијалков и Груевски, се очекуваат почетни 3,5 милиони евра

Повторно поскапеа горивата во Македонија

Повторно поскапеа горивата во Македонија